“НЕ МОЖЕВ ДА СПИЈАМ…“ – Болна исповред на легендарниот Франческо Тоти: “Ми рекоа дека сопругата ме изневерува, а потоа погледнав во нејзиниот телефон и ги видов пораките“

Зад легендарниот капитен на РомаФранческо Тоти, стои бурна разделба од неговата сопруга Илари Блази. Славниот пар беше во љубовна врска 20 години, од кои 17 години беа во брак, а нивното раскинување веќе подолго време ги полни медиумските колумни во Италија, како поради поделбата на имотот, така и поради самите причини кои доведоа до крајот на врската.

Поранешниот фудбалер сега јавно откри како дошло до разводот и кои биле причините за него.

Поради вирусот Ковид-19 го изгубив татко ми, а сопругата не беше со мене. Го проверив нејзиниот мобилен телефон, што нормално дотогаш не го правев, и најдов пораки. Не можев да спијам повеќе, ништо не беше исто“, признал Франческо Тоти.

Со поранешната сопруга фудбалерот има три деца: Шанел, Кристијана и Изабел. Во меѓувреме, Илари Блази започнала да излегува со германскиот бизнисмен Бастијан Мулер.

Мојата сопруга, кога најмногу ми требаше, ја немаше. Ми стигнаа гласини ‘Слушај, таа има друг’. Во реалноста, таа имаше повеќе од еден. Никогаш не сме си го правеле тоа 20 години, а потоа почнаа да добиваат предупредувања од различни луѓе на кои им верувам. Еднаш го погледнав нејзиниот мобилен телефон и видов порака од посредникот помеѓу неа и трето лице. На неа пишуваше – Се гледаме во хотелот“, објаснил Франческо Тоти.

По разводот стапил во љубовна врска со Ноеми Боки и објаснил дека никогаш не ја изневерил поранешната сопруга.

Имаше многу гласини дека се изневеруваме еден со друг, но не. Сега ќе ви докажам. Факт е дека паднав во депресија… Се преправав дека се е во ред. но тоа не бев јас, излегов од тоа благодарение на Ноема“, искрено признал Франческо Тоти.

Франческо Тоти е еден од најдобрите италијански фудбалери на сите времиња. Со „Аѕурите“ стана светски шампион во 2006 година, а целата кариера од 1993 до 2017 година ја мина во Рома, со која беше и шампион во Серија А.

животИлари БлазиљубовФранческо Тоти