Квалитетниот сон е неверојатно важен за вашето здравје. Добар сон е исто толку важен како и здравото јадење и вежбањето.
Многумина прибегнуваат кон алтернативни решенија за подобрување на спиењето и пробуваат разни пијалоци. Ви носиме рецепт за пијалок кој ќе ви помогне да спиете подобро.
Потребни состојки:
- кесичка чај од камилица
- лажичка сируп од лаванда
- 100 ml минерална вода
- свежо нане
- лимон
- Начин на подготовка:
- Прво натопете кесичка чај во 200 мл врела вода и оставете неколку минути. Потоа измешајте чај со сируп од лаванда и додадете лимон.
- Во овој напиток додадете минерална вода и нане и сè добро измешајте. Вашиот пијалок за подобар сон е подготвен за употреба.