Младиот бразилски ММА борец Андре Лима преку ноќ стана популарно лице во спортот.
Имено, борецот во категоријата до 57 килограми дебитираше во УФЦ против сонародникот Игор Северин, а тоа заврши во бизарна ситуација. Имено, Северин го гризна противникот и така победи Лима.
Претседателот на елитната ММА организација Дејна Вајт му додели на Лима бонус од 25.000 долари за ситуацијата во која се нашол, додека Северин веднаш добил отказ.
Сепак, бонусот беше двојно зголемен поради гестот на Бразилецот веднаш по натпреварот. Имено, тој залак го истетовирал со порака: „Добив е*ен бонус за залакот“.
Вајт веднаш одговори преку социјалните мрежи и рече дека ќе добие 50.000 долари за овој потег.
Лима моментално има биланс од осум победи и нула порази. Пред неговата ММА кариера, тој успешно се занимаваше со кик бокс.