Моќен лек од природата кој има одлични антиинфламаторни ефекти.
Во оваа храна се наоѓаат многу придобивки, а во природата е многу тешко да се најде храна која има толку корисни состојки како медот. Дури и многу овошја и зеленчуци, кои се богати со витамини, не можат да се споредат со него.
Неговите лековити својства се неверојатни, тој е одличен антиоксиданс , го стимулира варењето и метаболизмот, а исто така е добар пробиотик, го зајакнува имунолошкиот систем, го забрзува закрепнувањето на телото, ја лекува кожата (од рани и изгореници) и го спречува создавањето на брчките. Сепак, многумина грешат кога го консумираат.
Всушност, се препорачува да се земе оваа храна растворена во вода, чај или млеко.
Само така корисните материи веднаш ќе навлезат во телото, а не би било лошо да го оставите малку на усните за преку кожата да стигне до слузокожата. Одличен е за лекување на сува кожа и рани, па ако имате испукани усни, можете да ставите малку на нив за да ја залечи штетата.
Медот растворен во течност има антивирусно дејство, се користи за сузбивање на кашлицата, а најдобро е да се зема кандиран (кристален) мед, кој се смета дека е навистина природен и не содржи дополнителен шеќер и вода. Најдобро е да се зема наутро или половина час пред јадење, за да се даде сила и да се одржи имунитетот во најдобра состојба.
Алергични на мед, деца под една година и дијабетичари не треба да го јадат, па најдобро би било овие групи на луѓе да го избегнуваат.
Исто така, не е неопходно да се јаде мед со дрвена лажица.