Поминаа три години откако нè напушти легендарниот уметник Ѓорѓе Балашевиќ. Панонски морнар, почина на 19 февруари 2021 година, откако ја загуби битката со корона вирусот.
Ненадејната смрт на саканиот кантавтор потресе многу луѓе во сите земји кои некогаш ја сочинуваа Југославија. Тие со денови се простуваа од музичарот кој беше сопатник на неколку генерации, а во Нови Сад беше прогласен ден на жалост.
Последните денови ги поминал на инфективната клиника, а неговата сопруга Оливера во интервју открила како поминала нивната последна средба.
– За жал, кога беше примен на инфективното одделение на болницата , не ни беше дозволен пристап. Потоа, додека шетав низ зградата, наидов на една познаничка и ја прашав дали знае отприлика каде е неговата соба каде што спие. Се прашував каде е прозорецот од неговата соба. Ми кажа дека знае дека собата на Џоле е на приземје и дека ќе ме однесе таму. Ме однесе зад зградата – рече Оливера Балашевиќ, гостувајќи во емисијата „Агапе“ и додаде:
-Тогаш се видовме. Само подаде рака и ме поздрави на ист начин како да нема разделба, како да нема што да ме плаши. Јас сум тука. Му мавнав и му покажав да биде силен , цврст. Верувам дека сè уште постои еден прозорец низ кој комуницираме денес.
Семејството донело одлука да не се одржува едногодишна панихида, за што Јелена Беба Балашевиќ ги известила своите фанови.
– Одбележувањето на денот кога некој ваш си замина од овој свет не е нешто што некогаш се практикувало во нашата куќа. Не поради „непочит“, туку сосема спротивно. Се сеќаваш дека некој секој ден, го сретнуваш во безброј мали дневни настани, од улицата по која си поминала, песната што сте ја коментирале, спортски настан, средба со заеднички ликови… – напиша Беба на својот Фејсбук профил и додаде:
– И не, не ти треба тој датум од годината за да го одбележиш сеќавањето на тој некој. Од сите убави и драгоцени денови што ги поминувате со тој Некој, речиси е навредливо да се одбележи тој ден.
Богата кариера
Својата музичка кариера ја започна во групата Жетва со песната „U razdeljak te ljubim“, која веднаш стана хит. Следеа песни кои го надминаа првиот хит: „Raćunajte na nas“ стана генерациска песна, а и „Prva ljubav“ стана вистонски хит.
Во текот на кариерата, Балашевиќ објави песнарка со неговите стихови „Raćunajte na nas“, романот „Tri posleratna druga“ (1991), книга со коментари во весниците „I život ide dalje” (1993) и книгата “Dodir svile” (1996) во која има избор на текстови од записите. Новиот роман ,,Jedan od onih zivota” (1997) го обработува периодот од 1 ноември до 15 ноември 1991 година, за време на војната.
Балашевиќ го напиша сценариото и ја толкуваше главната улога во ТВ сериите „Специјална редакција“, глумеше во ТВ сериите „Војници“, „Pop Ćira i pop Spirа“ , „Panonski mornar“ и во филмот „Vojnici“.
За своето творештво тој доби бројни домашно и меѓународни награди.