Американските кошаркари со турски документи во иднина ќе бидат странци во турското првенство бидејќи ја игнорираа поканата на репрезентацијата.
Американските кошаркари Шејн Ларкин и Скоти Вилбекин имаат турски пасош, но не сакаа да играат за оваа репрезентација во текот на летото во претквалификациите за Олимписките игри, што ги збесна сите во Турскиот кошаркарски сојуз. Најлут беше тренерот Ергин Атаман а имаше обвинувања кон нивните клубови Фенербахче и Ефес дека не ги пуштале да играат а после сето тоа имаше и казни за двајцата Американци.
Не само што добија суспензија од пет натпревари во турскиот шампионат и парична казна од околу 3.000 евра, туку Ларкин и Вилбекин ги загубија турските пасоши. Поточно, тие повеќе нема да се бројат како домашни играчи во турскиот шампионат, што ќе им создаде најголем проблем на нивните клубови. Исто така, тие никогаш повеќе нема да играат за турската репрезентација.
Турците се бесни бидејќи загубија во претквалификациите за Олимписките игри, на турнир за кој скапо платија да го организираат, па ќе го пропуштат претстојниот турнир во Париз. Со оглед на тоа што не играат ни на Мундобаскетот, бидејќи беа елиминирани во првото елиминациско коло на претходниот Евробаскет, се чини дека ова не се добри денови за нивната кошарка и дека ќе видиме само проблеми во наредните години доколку не преземат нешто конкретно.
Ларкин протестираше и рече дека не може да и’ помогне на репрезентацијата бидејќи е повреден, додека Скоти Вилбекин многу посмирено ја прими оваа вест и едноставно „не му се јави на телефон“ на Атаман.
Фенербахче излезе во негова одбрана, исто како што Ефес го поддржа Шејн Ларкин.