Спасувачите од Турција, во потрага по преживеани во урнатините на разурнатиот град Газиантеп, пронајдоа торба во која имало два милиони долари.
Извршниот директор и сопственик на БНН Турција Гурбакш Чахал на својот Твитер профил објави дека спасувачите пребројуваат голема сума пари, велејќи дека во неа има два милиони долари.
Локалните власти најавија дека сите пари, доколку не се најдат сопствениците, ќе бидат префрлени во државната каса.
Ова прилично неверојатно видео ни доаѓа во време кога има се помалку надеж дека спасувачите ќе пронајдат уште неколку преживеани под урнатините.
Како што поминува времето, официјалните лица се помалку оптимисти дека можат да продолжат да ги спасуваат луѓето заробени под урнатините. Тоа е делумно поради ограничувањата за тоа колку долго човечкото тело може да преживее без вода, а експертите велат дека повеќето спасувања се случуваат во првите 24 часа по катастрофата.
Светот се уште е во шок поради силните земјотреси со јачина од 7,8 и 7,7 степени според Рихтеровата скала што ги потресоа Турција и Сирија пред 11 дена. Според последните податоци, бројот на жртвите во овие два земјотреси надмина 43.000.