Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ги предупреди воените команданти на неговата земја да не се мешаат во политиката.
Во интервју за The Sun, Володимир Зеленски зборуваше за неговиот однос со високи команданти кои ја предводат одбраната од руската инвазија.
Со месеци во политичките кругови во Киев се шпекулира за несогласување меѓу Володимир Зеленски и Валериј Залужни – врховен командант на украинските вооружени сили.
Генералот доби пофалби за неговите воени кампањи и веќе се смета за ривал на Володимир Зеленски за претседателската функција.
Според Уставот, редовните претседателски избори би требало да се одржат на 31. март, но Володимир Зеленски повика на одложување поради војната што беснее во земјата.
„Ако војникот одлучи да се занимава со политика, тоа е негово право, но тогаш мора да влезе во политика и не може да се вклучи во војна“, изјави Володимир Зеленски за The Sun.
„Ако ја управувате војната имајќи предвид дека утре ќе се занимавате со политика или избори, тогаш во вашите изјави и на фронтот се однесувате како политичар, а не како војник, и мислам дека тоа е голема грешка“, посочува тој.
„Со сета почит кон генералот Валериј Залужни и сите команданти кои се на бојното поле, постои апсолутно разбирање за хиерархијата и тоа е тоа, а таа не може да биде втора, трета, четврта, петта“, заклулува претседателот на Украина.
Володимир Зеленски, кој секојдневно објавува ажурирања за борбите, се чини дека алудира на интервјуто што Валериј Залужни го даде за The Economist претходно овој месец, во кое генералот предупреди дека војната е во мирување односно „ќор-сокак“.
„Нема прекин!“, возврати Володимир Зеленски во интервјуто за The Sun.