Не се пече и брзо се подготвува: Оваа кремаста торта ќе ги освои љубителите на слатките

Кремастата торта со сирење и бело чоколадо не е премногу тешка и е одлична за топлите денови, а сигурни сме дека ќе им се допадне на сите во семејството.

Потребни состојки:

за бисквитот:

  • 150 гр мелени бисквити
  • 100 гр стопен путер
  • 100 мл млеко
  • 70 гр шеќер
  • 100 гр пржени мелени лешници

за кремот:

  • 400 мл хопла
  • 200 гр бело чоколадо
  • 50 мл шлаг (за бело чоколадо)
  • 400 гр крем сирење

за декорација:

  • 50 мл хопла
  • 50 гр чоколадо за готвење
  • 50 гр пржени сечкани лешници
  • јагоди (опционално)

Подготовка:

Во сад измешајте ги мелените бисквити, растопениот путер, млекото, пржените мелени лешници и шеќерот. Смесата распоредете ја во калап со дијаметар од 22 сантиметра.

Во микробранова, или на пареа, растопете ги парчињата чоколада и 50 мл шлаг. Оставете малку да се излади.

Измешајте ги остатокот од хоплата, крем сирот и растопената чоколада. Намачкајте го кремот во калапот.

За декорација прелијте ги парчињата чоколада за готвење со хопла, па стопете го кратко на пареа или во микробранова. Тортата премачкајте ја со чоколадна глазура и посипете ја со парчиња пржени сечкани лешници. Можете и да ја украсите со јагоди.

Добро изладете ја тортата пред да послужите.