Не тагува по разводот: Џесика Алба привлекува внимание во минијатурно бикини

По разводот од продуцентот Кеш Ворен, актерката Џесика Алба одлучи да направи пауза и да се фокусира на себе. Според нејзините објави на социјалните мрежи, Алба моментално ужива на сончева дестинација, позирајќи во бикини покрај базенот.

Имено, на фотографиите што ги сподели на својот Инстаграм профил, Џесика позира покрај базенот во минијатурно бикини, кое го комбинирала со шапка и очила за сонце.

Исто така, на една од фотографиите, Алба позираше во луксузен спа-центар, облечена во едноделен костим за капење со леопардски принт, додека во описот на објавата напиша: „Фокусирана на мир – дишење – пријателство и грижа за себе“.

„Апсолутно прекрасно“, „Изгледаш неверојатно“ и „Најжешката жена досега“, „Таа е сè уште прекрасна“, „Уживањето во животот е најдобрата одмазда“, беа некои од коментарите на Инстаграм.

Нејзиниот одмор дојде само неколку недели по разводот од продуцентот Кеш Ворен, со кого беше во брак од 2008 година. Двојката има три деца, а се разведоа поради, како што е наведено, „непомирливи разлики“. Токму Ворен поднесе барање за развод, а двајцата побараа заедничко старателство над децата.

Исто така, медиумите неодамна објавија дека Џесика била видена со мистериозен маж во јавност, а изворите тврдат дека размениле нежности. Сепак, извор близок до актерката изјави за „Ју-Ес Викли“ дека Алба моментално не е во сериозна врска.