Блогерката Касуми Крис од Холандија била веган четири години. Потоа почнала да јаде месо, а потоа покажала како и се променило лицето по само три недели од новата исхрана.
Во еден момент, Касуми одлучила да се префрли на веганска исхрана поради здравствени причини и, како што вели, на почетокот тоа многу и помогнало. Акните и се намалија, целокупната состојба и се подобри и добила повеќе енергија, иако имала и дигестивни проблеми.
Меѓутоа, по две години веганство, кожата и се променила – добила акни, лицето и било суво и иритирано.
Ѝ се чинеше дека храната работи против неа.
Нејзините нокти и коса станале кршливи, а поради стресот под кој јасно било телото, таа го изгубила менструацијата четири месеци.
Потоа, во една прилика си дозволила да го прекрши веганскиот режим и изеде варено јајце . Интересно е што после тоа, во следните три дена, нејзиното расположение почна драстично да се подобрува, пренесува BrightSide.
Не долго потоа, оваа млада блогерка решила да ја прекине веганската исхрана и повторно да почне да јаде месо.
„Понекогаш се чувствувам чудно, но мислам дека тоа е вистинската одлука“, го споделила своето тогашно искуство со бројните следбеници.
По само три недели забележала големи промени.
„Мојата кожа изгледа подобро, лицето ми е помалку надуено и што е најважно повеќе не се чувствувам безживотно.