Не јадете го ова овошје за појадок ако сакате да избегнете ненадеен скок на шеќерот во крвта

Не јадете го ова овошје за појадок ако сакате да избегнете ненадеен скок на шеќерот во крвта

На утро, телото има намалена отпорност на инсулин, што го отежнува регулирањето на шеќерот во крвта. Овој проблем може дополнително да се влоши со конзумирање на храна со висок гликемиски индекс, која вклучува одредени видови овошје. Иако овошјето е генерално многу здраво, важно е внимателно да изберете кои ќе ги јадете за појадок. Во продолжение ви претставуваме кои видови овошје најдобро е да се избегнуваат наутро.

Во нашите краишта е вообичаено денот да се започне со сок од портокал, но важно е да се знае дека со цедењето се отстрануваат влакната од овошјето. Влакната се клучни бидејќи ја забавуваат апсорпцијата на шеќерот во крвотокот. Кога сокот брзо се апсорбира, нивото на шеќер во крвта брзо се зголемува. Затоа експертите советуваат наутро да се консумира цело овошје, а не сок.

Се препорачува да се изберат овошја со низок гликемиски индекс кои полека се вари. Најдобрите опции за појадок се свежите сливи (содржат сорбитол кој го помага варењето), грејпфрут (богат со витамин Ц, флавоноиди и влакна), јаболка (помагаат за забрзување на варењето), боровинки и јагоди (богати со антиоксиданси), портокали (но секогаш цели, не во форма на сок) и киви (богати со витамин Ц и растителни влакна).

Кое овошје треба да го избегнувате за појадок?

Овошјето кое има висок гликемиски индекс и може брзо да го зголеми нивото на шеќер во крвта, подобро е да се остави за подоцна во текот на денот, кога метаболизмот е поактивен. Ова вклучува многу зрели банани, ананас, суво грозје и диња. Експертите препорачуваат консумирање на овие видови на овошје кога телото подобро реагира на шеќер, односно подоцна во текот на денот.