„Нивната свршувачка ќе уништи бројни врски“ 

Познатиот комичар верува дека љубовта меѓу Тејлор Свифт и Тревис Келси е љубов што ќе трае цел живот и дека ќе натера многу луѓе да ги преиспитаат своите врски.

Веста дека Тејлор Свифт и Тревис Келс се свршија и планираат раскошна свадба шокираше многумина, а комичарката Ники Гласер има интересна теорија што ја сподели на социјалните мрежи – дека нивната свршувачка ќе има лош ефект врз другите парови . 

Таа е уверена дека врската меѓу познатата пејачка и ѕвездата на НФЛ ќе биде долготрајна, како што изјави за „Ентертејнмент тунајт“ на доделувањето на наградите за видео музика на МТВ.

„Не сум од оние што би го предвиделе тоа, но ми е многу очигледно дека ова ќе трае вечно . Тој е опседнат со неа, а тоа е она што секое девојче го заслужува и она што го заслужува секое момче“, рекла таа во едно интервју. 

Фактот дека двајцата се толку посветени еден на друг , верува таа, ќе уништи многу љубовни врски бидејќи ќе ги натера да ги преиспитаат своите. 

„Да бидам искрена, мислам дека ова ќе уништи некои врски, бидејќи мислам дека многу луѓе ги видоа двајцата и рекоа: „Јас го заслужувам ова. Јас заслужувам таков ентузијазам и таква личност да ме слави на таков начин“. Мислам дека многу луѓе ги гледаат и си мислат: „Можеби заслужувам подобро …““

Тревис Келс ѝ предложи брак на Тејлор Свифт на исклучително романтичен начин по две години врска, а сега носи прекрасен дијамантски прстен на раката.