Специјалната единица „Кобри“, кои го штитат српскиот претседател Александар Вучиќ, го подигнале степенот на заштита на највисоко можно откако му експлодирала гума во возилото, дознава Курир.
Кобрите одлучија да го подигнат нивото на заштита на претседателот на највисоко можно ниво по вчерашниот инцидент кога се откачи тркалото од возилото во движење во кое се наоѓаше Вучиќ, пишува Курир.
Разгледувајќи ги сите околности и крајно опасната ситуација на која беше изложен шефот на државата, одговорните за неговото обезбедување решија максимално да ги заострат мерките за заштита.
Ианку, Вучиќ вчера патувал за Мокрин, кога на автомобилот во кој се наоѓал му се откачи тркало. Со оглед на тоа дека на Вучиќ му се заканувале, во тек е опсежна истрага на безбедносните служби.