Нигерија стана првата земја во светот што ја воведе „револуционерната“ нова вакцина против менингитис Men5CV, објави Светската здравствена организација (СЗО).
Помеѓу октомври минатата година и средината на март оваа година, според податоците на СЗО, имало 1.742 сомнителни случаи на менингитис, додека 153 случаи биле фатални во седум нигериски држави.
Новата вакцина штити од пет главни видови на болеста кои се распространети во Нигерија, за разлика од првичната вакцина која делува само против еден вид, соопшти СЗО.
Нигерија е една од жариштата на оваа смртоносна болест во Африка.