Тренерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим ги изненади сите со изјава за состојбата на клубот.
Португалецот го презеде славниот клуб во ноември 2024 година и го водеше 15 натпревари.
Во тој период Јунајтед забележа шест победи, седум порази и две нерешени.
По поразот од Брајтон во 22. коло од Премиер лигата на стадионот „Олд Трафорд“, Аморим го изјави следново:
– Во 10 натпревари во Премиер лигата победивме на два. Замислете што значи ова за навивачите на Манчестер Јунајтед. Замислете што е ова за мене. Така, дојде нов тренер кој губи повеќе од претходниот тренер. Јас сум целосно свесен за тоа – рече тој и потоа додаде:
– Како што кажав, нема да се менувам, без разлика на сè. Знам дека можеме да успееме, но треба да го преживееме овој момент. Не сум наивен и знам дека сега треба да преживееме. Ние сме можеби најлошиот тим во историјата на Манчестер Јунајтед. Знам дека сакате наслови, но ова го велам затоа што мораме да го признаеме и да го промениме. Еве, ова ви е за насловна – заврши Рубен Аморим.
По 22 одиграни натпревари, Манчестер Јунајтед е 13. на табелата во Премиер лигата со 26 бодови.