Серена Вилијамс (42) е една од најдобрите тенисерки на сите времиња. Таа во кариерата освои 23 грен слем титули, една помалку од Новак Ѓоковиќ. Многумина знаат за нејзиниот успех на теренот, но она што многумина не го знаеја е дека таа е Јеховин сведок.
Токму ова е причината поради која не го слави роденденот на својата ќерка Олимпија.
,,Мене ми е важно да сум Јеховин сведок. Затоа не ѝ славиме родендени, тоа не е религиозно“, објаснила Серена во една прилика.
Поточно, на медиумска конференција додека таа сè уште беше активна тенисерка. Тогаш таа ги изненади сите новинари и многу луѓе ширум светот.
Таа го спомна и нејзиниот сопруг Алексис Оханијан, со кој е во брак од 2017 година.
„Алексис не отишол во ниту една црква додека растел. Тој потполно ме разбира, ги става моите потреби на прво место“, изјави Серена Вилијамс.
Инаку, таа неодамна стана мајка по вторпат, бидејќи на свет дојде девојче по име Адира.