НИКАКО НЕ НАЗДРАВУВАЈТЕ СО ЧАША ВОДА

Дури и ако не сте љубител на алкохол , го знаете ова „ правило  – никогаш не наздравувајте со чаша вода ! Иако ова „молба“ можеби изгледа глупаво или само уште една причина да се „испие малку“ зад него, всушност е античко и нималку наивно верување.

Корените на овој обичај се наоѓаат во антиката. Имено, старите Грци верувале дека кога човек ќе умре, неговата душа оди во подземниот свет – Адот. Во него е тажна рамнина обрасната со бледи диви цвеќиња.

Низ таа рамнина течат пет реки: ледената Стикс – реката на омразата, Ахерон – реката на болката, Коцит – реката на оплакувањето, Флегетон – огнената река и Лета – реката на заборавот.

Кога душата на покојникот доаѓа во адот , таа пие од Лета за да го заборави минатото и страдањата во претходниот живот. Оние кои веруваа во реинкарнација веруваа и дека душите пијат од оваа река за да го заборават својот претходен живот и да бидат подготвени за нов.

Токму тука, се верува, лежи коренот на обичајот никогаш да не се наздравува со чаша вода. На тој начин тој што го прави тоа би доживеал предвремен заборав и судбина полоша од смртта.