Раперката Ники Минаж неодамна откри дека се кае што направила пластична операција.Имено, раперката гостуваше во подкастот „Run-Through With Vogue“ за да проговори за нејзиниот изглед во медиумите, но и за мајчинството и зошто направила пластична операција.
„Ви гарантирам, ако промените нешто на вашето тело и направите нешто хируршки, повеќе од веројатно е дека еден ден кога ќе погледнете наназад ќе кажете дека изгледавте навистина добро онака како што изгледавте пред интервенцијата“, рече 40-годишната ѕвезда.
Ники Минаж истакна дека оваа ситуација и се случила и не можела да поверува како изгледа додека не ги спореди своите фотографии. Таа изјавила дека причината поради која одлучила да се оперира е затоа што не сакала да изгледа слабо и без облини.
Порано не можеше да ги погледне своите фотографии бидејќи не беше задоволна од тоа како изгледа, но сега ситуацијата е поинаква. Таа верува дека нејзиниот тригодишен син Тревор Тахием го променил мислењето за нејзиното тело.
Поради ова, таа неодамна беше оперирана за намалување на градите, за што повеќе зборуваше за претстојната насловна страница на магазинот „Вог“, која ќе излезе во декември оваа година.