НИКОГАШ НЕ ГИ УБИВАЈТЕ ПАЈАЦИТЕ ВО ДОМОТ: Експерт објаснува ЗОШТО НЕ Е ДОБРО, поважно е отколку што мислите

Да видите пајак како шета низ вашиот дом секако не е пријатно, но научниците предупредуваат дека не треба да го убиете, без разлика колку е непријатно неговото присуство.

Како што пренесува „IFL Science“, пајаците имаат многу важна улога во природата и се дел од внатрешниот екосистем.

Оние што ќе ги сретнеме во нашиот дом не се опасни или отровни, напротив, можат да отстранат други штетници .

Научниците од Северна Каролина спроведоа истражување на околу 50 домови за да откријат какви видови пајаци живеат во домовите на луѓето и колку често се наоѓаат.

Резултатите покажаа дека ги има буквално во секоја куќа. Прават мрежа во аголот од собата и чекаат да се фати пленот – штетници и инсекти кои пренесуваат болести.

Освен што може да ве спаси од други инсекти, научникот Мартин Нафлер откри дека пресметките ја покажале глобалната важност на пајаците во намалувањето на популацијата на инсекти и одржувањето на природната рамнотежа. Затоа треба полека да ги извадите од дома и да ги пуштите во природа за да можат да продолжат да ги извршуваат своите природни задачи.

Заклучокот е дека доколку се намали бројот на пајаците, ќе се зголеми бројот на инсекти кои вообичаено се нивна храна и кои, важно е да се нагласи, се многу поштетни и поопасни.