Никогаш не ги јадете овие делови од пилешкото месо – тие се чист отров!

Покрај свинското, пилешкото е најпопуларниот вид на месо во Македонија. Една од причините е достапноста, благиот вкус без силен мирис, но и цената која е попристапна од, на пример, говедско, телешко или свинско месо. Бонусот е што ова месо е богато со различни хранливи материи, корисни за здравјето на организмот.

Сепак, не сите делови од пилешкото се сметаат за добри за човечкото тело, според една неодамнешна кинеска студија. Благодарение на искуството од бројни готвачи кои своето готвачко искуство го пренеле на експерти, како и знаењето на технолозите, откриено е кои делови од пилешкото месо не треба да се консумираат бидејќи се штетни за здравјето.

Кинеските експерти советуваат да не се консумира (јаде) главата (која кај нас ретко се користи за јадење), бидејќи во овој дел од пилешкото се акумулираат сите штетни материи што животното ги јаде во текот на својот живот.

Нутритивна вредност на пилешкото место (100 g.):

Енергетска вредност – 120 kcal
Протеини – 22,50 g.
Јаглехидрати – 0,00 g.
Шеќери – 0,00 g.
Влакна – 0,00 g.
Масти – 2,62 g. од кои заситени – 0,563 g.

Високата количина на протеини што ја содржи пилешкото месо му помага на телото да изгради мускули, додека неговата екстремно нискокалорична содржина го прави совршена храна за режими на исхрана.

животздравјемесохрана