Никогаш не го оставајте клучот во бравата од внатрешната страна на вратата, ова нема да ги одврати крадците – напротив

Обрни внимание, извади го клучот

Некои луѓе веруваат дека оставањето на клучот од влезната врата во бравата ќе спречи провалник успешно да влезе во домот, но вистината е сосема поинаква.

Така можеме само да им ја олесниме работата која ќе заврши со само две парчиња жица за отворање на вратата, пренесува Телеграфи.

Многу луѓе ги заклучуваат своите влезни врати навечер и го оставаат клучот внатре, мислејќи дека тоа им дава дополнителна безбедност и им отежнува на провалниците да провалат.

Сепак, вистината е сосема поинаква. Ова ги става во сериозен ризик.

Клучот оставен во бравата може да биде покана за крадец.

На крадецот не му треба многу да ја отвори вратата со две жици – со едната го заглавува клучот во бравата за момент да стои во мирување, а по некое време ја вметнува другата и насилно ја врти.

На овој едноставен начин, крадецот може да влезе внатре. Решете го овој проблем на едноставен начин. Кога ја заклучувате вратата одвнатре, отстранете го клучот целосно и ставете го на безбедно место.