Ако лебот го оставите на кујнскиот пулт, во фиока или кутија за леб, а сепак го чувате во пластична кеса, веднаш да ви кажеме, тоа воопшто не е добра идеја.
Лебот во вреќа ќе се исуши, додека во кутија постои можност да се развие мувла.
Најдоброто решение, колку и да звучи глупаво, е да го ставите лебот во замрзнувач.
На овој начин секогаш ќе имате свеж леб, а можете да го одмрзнете на два начина:
1. Ако ви треба веднаш, извадете го замрзнатиот леб, ставете го во алуминиумска фолија и загрејте го во рерна.
2. Ако сакате свеж леб за наутро, извадете го пред спиење и ставете го на чиста кујнска крпа за да се стопи малку преку ноќ. Наутро вкусот ќе биде како штотуку да сте го купиле во пекара.