Луѓето кои пијат кафе во рок од два часа по будењето, всушност го прават своето тело имуно на кофеин.
Посегнувањето по свежо кафе наутро е практика за повеќето луѓе, но според експертите, тоа може да ви направи повеќе штета отколку корист. Кофеинот го зголемува вниманието и будноста со зголемување на количината на хормонот на стрес кортизол во човечкото тело. Проблемот е што кортизолот природно се зголемува кога човек ќе се разбуди наутро, што значи дека пиењето кафе во тоа време има негативен ефект бидејќи дополнително го активира лачењето на кортизол.
Луѓето кои пијат кафе во рок од два часа по будењето, всушност ги прават нивните тела имуни на кофеин. Првото кафе најдобро е да го пиете само откако ќе падне нивото на кортизол, кое во повеќето случаи е помеѓу 9.30 и 11.30 часот. Со ова се согласува и нутриционистката Сара Бруер, која вели дека идеалното време за кафе е точно во 10 часот. Ова, секако, важи за луѓето кои се будат во 7 или 8 часот наутро. „Вашето ниво на кортизол е највисоко помеѓу половина час и два часа по будењето. Тоа е моментот кога е навистина лошо да се пие кафе бидејќи кофеинот го имитира одговорот на стресот и предизвикува кортизолот да се зголеми уште повеќе“, објасни нутриционистот. Ако пиете кафе барем два часа подоцна, нема да се чувствувате вознемирени и немирни. Исто така, се советува да не пиете кафе доцна навечер бидејќи, повторно од истата причина, може да имате потешкотии со спиењето. Последното кафе задолжително испијте го пред 17:30 часот“, вели нутриционистот.