Никогаш не се срамела да ги покаже деловите од телото, но сега претерала 

Богатата наследничка на ланецот хотели „Хилтон“ – Парис Хилтон неодамна се појави на насловната страница на магазинот „Flaunt“ во разголено издание.

Иако позираше во „костум – како од мајка родена“, оваа 43-годишна убавица носеше додатоци од големите модни куќи – „Версаче“ и „Сен Лоран“.

Во придружното интервју за гореспоменатото списание, Парис на читателите им ги откри и своите ранливи страни.

“Јас гледам на љубовта на многу поинаков начин од порано. Во минатото преживеав траума и поминав низ болни искуства и поради тоа морав да подигнам ѕид околу моето срце. Не можев да дозволам никој да ми се доближи. “, рече Парис, додавајќи дека нејзиниот сегашен сопруг Картер Реум ги „урнал“ сите бариери.

„Се чувствував безбедно со него, тој ги сруши тие ѕидови што ги изградив. Сега, со син ми и ќерка ми, чувствувам љубов каква што досега не сум почувствувала“.

Богатата наследничка, вели, конечно е среќна, а нејзиното мало семејство е се што и треба во животот.

„Толку сум благодарна што го најдов во вистинско време од мојот живот, бидејќи немаше да бидам подготвена за оваа љубов да не го снимав мојот документарец“, заклучила таа.