Камбоџанската актерка и модел Мин Соњта избра навистина необична модна комбинација за Канскиот филмски фестивал .
Таа носеше фустан со камбоџански мотиви и беше инспирирана од културата на нејзината земја. Нејзините фотографии од црвениот тепих ги обиколија странските медиуми, а Соњта ја коментираше и нејзината модна комбинација.
„Дезенот е проследен со древниот магичен балиски санскрит. Има и капа чиј дизајн е инспириран од шапката Кмер направена од лисја од палми и која е популарна во секојдневниот живот на Камбоџанците. Дизајнирана и инспирирана од концептите „ нашата култура, нашата гордост“, објаснила актерката.
Се слеваат пофалби
Многу обожаватели и одговорија во коментарите на Инстаграм.
„Претставничка на Камбоџа на црвениот тепих“, „Горд сум на тебе, ти благодарам што неверојатно ја претставуваш нашата земја“, „Кралица на вечерта“, „Одличен избор на облека“, коментираа фановите.