Никогаш не ставајте кафе во врела вода!

Најчеста грешка што ја прават многу луѓе е додавањето кафе веднаш откако водата ќе зоврие. Експертите објаснуваат дека топлата вода може да го изгори кафето, па најдобро е да почекате 30 секунди до една минута пред да го прелиете.

Идеално е кафето да се прелие со вода штотуку зовриена, но не целосно топла .

Исто така, водата од чешма може да има различен состав, а често содржи варовник, па затоа се препорачува да се користи филтер за прочистување на водата. Исто така, соодносот на кафе и вода е пресуден за добар вкус, идеално е да користите 70 грама кафе на литар вода.

Кафето е многу чувствително на влага, воздух и други мириси, па затоа треба да се чува во херметички сад, подалеку од фрижидер, за да се зачува свежината и аромата.