Врската помеѓу Јелена Карлеуша и Аца Лукас отсекогаш била турбулентна. Познато е дека тие двајца час биле во добри односи а понекогаш и во сериозен конфликт, кој кулминираше со кавка и навреди на Инстаграм минатата година.
Тие се скараа затоа што Карлеуша застана на страната на Милица Павловиќ во аферата „Проверено“, додека Лукас на страната на Ана Николиќ, која објави демо од хитот снимен од нејзината помлада колешка. Вербалната војна траеше со денови. Сепак, сè се промени неодамна, кога сите беа изненадени од фактот што ЈК ги заследи Ана и Аца на Инстаграм.
Сега за нивниот однос проговори и самиот пејач, кој тврди дека никогаш не се скарал со Јелена, со која има дуетска песна „Банкина“.
– Никогаш не сум се скарал со Јелена Карлеуша. Секогаш имавме некакви расправии, но кога и да се видиме разговараме. Никогаш не се случило да се сретнеме некаде, а да не контактираме. Без разлика што се случувало претходно. Иначе немаме толку пријателски однос или пак постојано да се слушаме и гледаме, но никогаш не сме се скарале. Тоа што јас и Јелена сме малку брзи и остри со јазикот, доведува да направиме некоја збрка преку медиумите и толку – изјави Аца во емисијата „Ексклузив“.