Љубовната приказна на Светлана Цеца Ражнатовиќ и Жељко Ражнатовиќ Аркан, според многумина, е достојна дури и да биде на филм.
За жал, оваа приказна беше прекината на 15 јануари 2000 година, кога Жељко беше убиен во хотелот „Интерконтинентал“ во главниот град на Србија.
Семејството му било многу важно на Аркан, а се знае многу за неговиот брак со Цеца и нивната љубовна приказна. Од друга страна, некои тајни дури сега се појавуваат во јавноста, додека многу сè уште се закопани.
Така, во едно интервју во 1996 година, Аркан за себе изјавил дека е „најдобриот сопруг на светот“, но и дека е „папучар“ и дека ја „тепал сопругата со бакнежи“.
– Јас сум најдобриот сопруг на светот, морам да кажам. Не знам подобар. Мислам дека можам комотно да се натпреварувам за „златнa папуча“, а да ти кажам, никогаш не сум ја изневерил жена ми, ниту пак ќе ја изневерам мојата Цеца, мислам дека тоа е нешто непотребно или не верувам дека верноста лежи во тоа, јас не треба да се докажувам на друга жена или на други жени Јас сум некој вид „мачо“, како што кажавте, подобро е да бидам глушец во куќата, а таа љубов процветa. Кас ја тепав Цеца само со бакнежи – рекол Аркан во интервју за „Свет“ во далечната 1996 година.