Никогаш повеќе нема да имате замаглени стакла во автомобилот! Ви треба само едно

На социјалните мрежи е објавено видео во кое се објаснува како да се спречи замаглување на стаклата на автомобилот. На возачите им се препорачува да користат вреќи за одвлажнување на воздухот.

Генијален трик објавен во видео на TikTok ќе им помогне на возачите да го решат проблемот со кој се соочуваат кога ќе започне студеното време. Имено, тогаш прозорците во внатрешноста на автомобилот се замаглуваат – на нив се акумулира влага. 

@autoreflectdetailing Your car NEEDS these reusable dehumidifier bags! 💦 🚗 #dehumidifier #cars #damp #home #caravan #wet #condensation #lifehack #foryou #fyp #tiktokmademebuyit ♬ original sound – Auto Reflect Detailing

Најдобар начин да спречите кондензација на прозорецот на вашиот автомобил е да користите кеси за одвлажнување. Можете да ги ставите во автомобилот на контролната табла. Тие ќе ја апсорбираат целата влага.

 

Откако ќе се наполнат кесичките, се што треба да направите е да ги ставите во микробранова печка за да се исушат. Кога кесите се исушат, можете повторно да ги користите.

Треба да знаете дека овие кеси имаат сина точка која станува розова кога кесите се полни со влага, па ќе знаете кога да ги исушите.

 

Овој генијален трик може да им помогне на возачите и да им заштеди време. Имено, стаклата на автомобилот ќе бидат чисти, па нема да мора постојано да ги бришете, пренесува Express.