НИКОГАШ ПОМАЛA ПОДДРШКА ЗА БАЈДЕН! Болната вистина за американскиот претседател – Трамп дефинитивно ПРВИОТ ФAВОРИТ за нов шеф на државата?

Бајден започна кампања за втор мандат иако само 37 отсто од граѓаните го поддржуваат.

Нивото на поддршка за  Џозеф Бајден , претседателот на САД, е на рекордно ниско ниво, покажуваат резултатите од последното истражување на јавното мислење спроведено од „Галуп“.

Само 37 отсто од Американците го одобруваат начинот на кој Бајден ја врши својата работа, што е  најнизок процент од неговата инаугурација во јануари 2021 година.

Економијата е проблем

– Претседателот Бајден имаше околу 40 проценти во последните 19 месеци. За разлика од последното истражување, лани во јули имал поддршка од 38 проценти. Само Роналд Реган, поранешниот претседател на Америка, имал помала поддршка во деветтиот квартал од своето владеење од сите претседатели на САД по Втората светска војна – објави „Галуп“.

Интересно е што истражувањето е спроведено од 3 до 25 април, кога актуелниот шеф на Белата куќа официјално ја започна кампањата за освојување втор мандат на чело на Америка. Минатиот вторник неговиот тим ја објави првата реклама под слоганот „Да ја завршиме работата до крај“.

Најголем предизвик за Бајден се забавувањето на економскиот раст, скокот на инфлацијата и енергетската криза. Според Индексот на економска доверба на Галуп,  само 16 проценти од Американците веруваат дека состојбата на економијата е „одлична“ или „добра“ , 37 проценти велат дека е „фер“, а 47 проценти дека е „лоша“.

Голем предизвик за Бајден во кампањата, година и пол пред изборите (ноември 2024 година) ќе биде фактот што дури 75 отсто од гласачите се убедени дека состојбата во економијата дополнително ќе се влошува во иднина. Пред да излезе на избори, Бајден се очекува да биде проверен на партиско ниво.

Важно прашање

Засега важи за фаворит, имајќи предвид дека е актуелен претседател , но и покрај тоа, дури 44 отсто од регистрираните членови на Демократската партија не би сакале да се кандидира, а главната причина се неговите години. што е важно прашање за гласачите. Кога ќе се одржат изборите,  Бајден ќе има 82 години, а на крајот на мандатот ќе има 86 години.

Најверојатен противкандидат на Бајден на изборите ќе биде Доналд Трамп, кого го победи во 2020 година, најмногу благодарение на тоа што голем дел од гласачите беа против Трамп, а не за него.

Кај републиканците, Трамп секако води

Поранешниот претседател  Доналд Трамп , кој започна кампања за номинација на партијата за изборите на 5 ноември 2024 година, е во безбедно водство. Него го поддржуваат 53 отсто од републиканците, а гувернерот на Флорида Рон Де Сантис 21 отсто. Само на третото место, со поддршка од само шест отсто од републиканците, е Мајк Пенс, кој беше потпретседател на САД кога Трамп беше претседател.