Во денешното интервју за белградската Политика, поранешниот лидер на ВМРО ДПМНЕ и македонски премиер, Никола Груевски го затвори кругот на својата политичка траекторија. Ако неговото интервју во 2017 година за истиот весник значеше крај на неговите премиерски надежи, тогаш денешното интервју за Политика го нацрта неговиот политички наратив: Зоран Заев и Христијан Мицкоски се неговите непријатели во рингот на политиката, Заев со своето влијание во судството, медиумите и обвинителството води прогон против Груевски, а Мицкоски е под целосна контрола на Заев. Странците тоа го дозволувале бидејќи му должат на Заев за штетните договори со Грција и со Бугарија.
Во таа мантра верува Груевски и таа мантра сака да им ја продаде на своите поддржувачи. Нема шарена револуција, нема заробена држава, нема насилно задржување на власта со “државен удар” на 27 април, има само Заев и Мицкоски. И ако Заев и Мицкоски му се непријателите, тогаш кои му се пријателите? Димитар Ковачевски, Али Ахмети и странците? Дали тие веќе му ја “чекираа авионската карта” на Никола Груевски за враќање во Македонија?
За Никола Груевски да биде ДДВ или додадена вредност во операцијата за уставни измени ( како секунадарно прашање ) и политички разврски на парламентарните и претседателските избори идната година ( клучно не само политичко туку и безбедносно прашање ) треба да бидат усвоени уставните измени. Тогаш Груевски ќе може да биде во наративот на “хер Жика” во Жикина Династија, да ги обвинува и Мицкоски и “збирштината во Белата палата” дека ги оставил сами пет години како што “Султанот не остави сараци на Балканот” и тие во два наврати не можат да ги спречат пратениците да гласаат за штетни договори со Грција и со Бугарија.
За крајот на овој месец е најавено доаѓањето на првиот човек на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен во Скопје, растегнато е доставувањето на извештајот на ЕК за Македонија ( се чекаат уставните измени !? ) иако луѓе кои се длабоко навлезени во тој процес убедуваат дека тоа е резултат на чекањето на Украина и Молдаивија, а за првата половина на ноември е најавено глсање за Законот за амнестија по брза постапка во Парламентот.
Во такви услови “кој сака да го врати Коле за Свети Никола во Македонија”!? Ова е дел од политичката анализа на емисијата Во Центар во трање од 50 минути во која има ексклузивни информации за тоа што ќе се случува во Македонија до Нова година. Целата анализа можете да ја погледате на следниот линк: