Никола Тесла ја заинтригирал јавноста со посебен начин на живот, но гледал многу подалеку од своето време. Тој бил, велат, посебна личност, некои дури го нарекувале и чудак, но оставил зад себе многу пронајдоци без кои веројатно не би можеле да функционираме денес.
Што јадел Никола Тесла?
Водел осаменички, аскетски живот, но редовно вежбал и бил исклучително витален во подоцнежните години. Велел дека има многу работи што нè прават непродуктивни, а една од нив е лошата исхрана.
- Прво за сите, јадеме премногу, што сигурно често сте го слушнале порано. Јадеме погрешни видови храна и пиеме погрешни видови течности. Поголемиот дел од штетата е предизвикана од прејадување и недоволно вежбање, што придонесува за токсични состојби во телото и го оневозможува исфрлањето на акумулираните отрови – истакнал тој во едно интервју.
- Зошто да го преоптоварувам телото што ми служи? Јадам два оброка на ден и избегнувам храна што создава киселини. Речиси секој јадел премногу грашок и грав.
- Јадам свеж зеленчук, а ретко риба и месо. Рибата е позната како храна за мозокот, но има многу силни киселински реакции, бидејќи содржи многу фосфор.
„Два оброка на ден ми го подобрија здравјето“
Во едно интервју од 1935 година, тој откри дека избегнувал месо, јадејќи го само еднаш или двапати годишно, и дека компирите се одлични и треба да се јадат барем еднаш дневно. Исхраната на Никола Тесла била специфична, а познатиот научник се придржувал до железни правила и во таа област.
На веб-страницата „Tesla Universe“ има информации дека го сметал ручекот за излишен, додека никогаш не го прескокнувал појадокот. „Два оброка на ден ми го подобрија здравјето“, открил тој.
Млекото и јајцата ги сметал за чудотворна храна. Неговата омилена храна била супа од кромид и целер. Сакал спанаќ и ориз, но се држел подалеку од сирење.
- Зеленчукот е неопходен, иако не содржи многу протеини. Не дава многу енергија, но ја регулира работата на цревата и го снабдува телото со витамини. Овошјето содржи шеќер, но не е опасно во мали количини – рекол човекот што ја измислил иднината.