„Најважниот елемент од мојот животен стил е мојата исхрана. Не можете да очекувате машината да работи добро ако не и обезбедите соодветно гориво“, изјавил Тесла, но истакнал и дека со текот на времето заклучил дека два оброка дневно се сосема доволни.
„Два оброци дневно ми го подобрија здравјето и ми го заострија апетитот и вкусот. Ручекот го исклучив од исхраната. Денес, на 78 години, уживам во двата оброци во иста мера како кога бев 16-годишно момче и немам никакви дигестивни проблеми“, пишуваат на веб-страницата на Tesla Universe.
За појадок сакал да пие млеко бидејќи е богато со протеини, а да јаде јајца, особено белки бидејќи и тие се богати со протеини. Сакал и ориз, но не и сирење.
Зеленчукот е од суштинско значење, иако не содржи многу протеини. Не дава многу енергија, но ги регулира цревата, му дава на телото витамини. Сакал да јада супа од кромид и сечкан целер подготвена со многу путер. Оваа комбинација лесно се вари а Тесла ја јадел со години.
Месо јадел двапати годишно
„Јадам месо многу ретко, еднаш или двапати годишно. Богато е со протеини, но рибата е речиси подеднакво богата со протеини и масти и многу полесно се вари. Фосфорот што го содржи е одличен за нервниот систем. Но, фосфорот, иако го храни мозокот, предизвикува киселина во желудникот. И месото и рибата ни даваат брза енергија. Овие намирници им се неопходни на луѓето од одредени професии, иако ни го скратуваат животот поради нивниот состав. Сепак, додека сме живи ни даваат многу енергија”, одговорил Тесла на прашањето колку месо треба да јадеме за здрав организа.