Николовски: Власта во заминување врши масовен грабеж во ЕЛЕМ и РЕК „Битола“

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски обвинува дека власта на СДС И ДУИ на заминување прави масовна пљачка на ЕЛЕМ И РЕК Битола.

Целта е да се искраде што сѐ може на заминување. Tендери се штанцаат на дневна основа, нормално за омилената фирма на белорускиот конзул!, пишува Николовски на Фејсбук

Тој информира и дека во сообраќајна несреќа при судир на еден од камионите кој превезуваат јаглен со трактор, еден човек го загуби животот.

Затоа жителите на Новаци организираат протести за крај на криминалот во ЕЛЕМ и РЕК Битола!, вели Николоски.