Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, истакна дека на седницата на Извршниот комитет на партијата се расправало за три заклучоци, пренесува Телеграф Македонија.
Тој за „ТВ21“ изјави дека еден од заклучоците бил да им се заблагодари на пратениците кои останале доследни на својот став, а тоа е дека нема да има уставни измени.
Николлоски додаде дека другите два заклучоци биле да не се одложи гласањето за уставните амандмани бидејќи мнозинството го има закажано за 18 август и правилно е да се гласа.
Со оглед на тоа што немаат мнозинство од 2/3, бараме што поскоро предвремени парламентарни избори“, додаде Николоски.
Николлоски вели и дека не може да работи никаква основна работа во државата доколку нема пријател или поткуп.
„Човек не може да работи основна работа ако опцијата а – без пријател или опцијата б – не дава поткуп“, вели Николоски.
Според него, тоа е затоа што оние од пониските нивоа гледаат дека има корупција на врвот и си велат „ако тие заработат милиони, можеме и ние да направиме нешто“.
Широк слој на општеството е корумпиран“, додаде Николоски.