Николовски: Во тек првиот јавен повик за новата мерка – Бизнис план во земјоделството

 Министерот за земјоделство, шумарство и водотопанство Љупчо Николовски ги потсетува индивидуалните земјоделци дека е во тек првиот јавен повик за новата мерка – Бизнис план во земјоделството.

Мерката, како што наведува Николовски на својот фејсбук профил, е за инвестиции во модернизација на земјоделските стопанства. Поддршката е во форма на кофинансирање во висина до 10.000 евра по корисник.

-Ова е првиот јавен повик за мерката бизнис план и континуирано ќе се реобјавува секој месец до крајот на годината. Земјоделците имаат можност да аплицираат тогаш самите ќе бидат подготвени, без да чекаат и да го модeрнизираат производството со нова опрема, за која што самите ќе одлучат дека им е најпотребна, истакнува министерот.