Министерот за земјоделство, шумарство и води, Љупчо Николовски, изјави дека во услови на криза е постигнато стабилизирање на локалното производство.
„Успеавме да го стабилизираме локалното производство на храна во кризни услови, преку одобрување на Националниот план за производство на храна и мерки во Интервентниот фонд. Нашата цел сега е да го зголемиме домашното производство на важни култури и долгорочно да ја намалиме зависноста на земјата од увоз.
Земјоделците субвенциите ќе ги добијат веднаш и многу пред почетокот на сезоната. Поголемото производство и поголем принос на есенцијалните култури е главниот фокус на новиот модел на субвенционирање“, рече Николовски.
Програмата за поддршка на руралниот развој, додаде тој, се трансформира во инвестициска и развојна програма за поддршка на земјоделците.