Ребалансот на буџетот што го предлага владата е сериозен удар врз земјоделството во земјата. За прв пат во историјата, ребалансот ги намалува субвенциите за земјоделците, што директно ја намалува финансиската поддршка што ја добиваат. Ова е целосен преседан, бидејќи досега секогаш со ребалансот се додаваа дополнителни средства, додека сега, напротив, се кратат, изјави пратеникот на СДСМ Љупчо Николовски, на денешната седница за ребалансот на буџетот.
Тој нагласи дека податоците јасно покажуваат дека во 2023 година финансиската поддршка достигнала 8,3 милијарди денари, додека во 2024 година се намалила на 6,7 милијарди денари, што претставува над 30 милиони евра помалку за земјоделците.
„Ова е штетно не само за земјоделците, туку и за целата економија, бидејќи земјоделството е клучен сектор за земјата. Покрај намалувањето на субвенциите, сè уште не е исплатена дополнителна поддршка од претходните години, како што се оние за овчарите и градинарите во Струмица и Преспа, како и поддршката за предадени јаболка, која е минимална и недоволна“, рече Николовски.