Интернационалниот мајстор Никола Николовски е победник на годинешното издание на викенд шаховскиот турнир во општина Карпош.
Тој освои осум поени од девет одиграни партии и го потврди шампионското место. Со ист број поени, но со послаб Бухолц, на второ место се пласираше ВМ Кирил Георгиев. Третото место го освои Љубомир Данов од Бугарија со 7,5 поени.
Пехарот на победникот го додели градоначалникот Стевчо Јакимовски, а Шаховската федерација му врачи благодарница на првиот човек на Општината за успешна соработка и придонес во развојот на македонскиот шах.
Беше доделена и постхумна благодарница на Лазо Јанчев, за посебен придонес во развојот на шахот во Република Северна Македонија, а која ја прими неговата сопруга.
Шахистите рангирани од четврто до десетто место добија парични награди.
Специјални награди беа доделени на Крастева Белослава од Бугарија со освоени 6,5 поени за „Најдобар женски натпреварувач“, како и на Златков Антон со освоени 6,5 поени за „Најдобар млад натпреварувач во категорија до 18 години“. Кралевски Александар со освоени 6,5 поени е избран за „Најдобар натпреварувач во сениорска конкуренција над 65 години“, Куков Тоде со освоени 6,5 поени за „Најдобар натпреварувач во категорија со рејтинг до 2100 поени“, Жежовска Моника со освоени 6 поени за „Најдобар натпреварувач во категорија со рејтинг до 1900 поени“ и Ристески Емил со освоени 6,5 поени за „Најдобар натпреварувач од општина Карпош“.