Николовски: На одличен пат сме кон обезбедување енергетска независност

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николовски, истакна дека Северна Македонија денес пишува нова историја во областа на зелената транзиција, со почетокот на изградбата на најголемиот парк за ветерна енергија во Штип, инвестиција од над 500 милиони денари од компанијата „Алказар Енерџи“, која ќе обезбеди електрична енергија за 100 илјади домаќинства, како и над 600 нови работни места.

Николовски, во својот говор на церемонијата, рече дека проектот е најголемата инвестиција во обновливи извори на енергија и ќе ја зајакне енергетската безбедност, ќе создаде нови работни места и ќе им донесе почиста, поевтина и обновлива енергија на идните генерации.

„Минатата година, кога разговаравме со премиерот за Владата, за посветеноста и визијата на Владата, проектите и мојата лична посветеност во Владата, премиерот го постави ова како еден од главните приоритети, а тоа беше зелената транзиција и Македонија да стане лидер во производството на зелена енергија на Балканот. Неговата лична визија и она што го покажа во минатото, со оглед на тоа што е автор на првиот парк за ветерна енергија во Македонија, нè доведе до тоа да бидеме тука денес и да започнеме еден навистина одличен проект. Ова е само почеток, убеден сум дека ќе имаме многу, многу други одлични проекти и одлични причини да бидеме тука и да славиме. Исто така, убеден сум дека оваа порака ќе има добар одѕив кај инвеститорската заедница“, рече Николовски.

На настанот зборуваа и директорот и инвеститор на компанијата, Даниел Калдерон, премиерот Христијан Мицкоски и министерката за енергетика, Сања Божиновска.

Инвестицијата на „Алказар“ од 500 милиони долари ќе овозможи изградба на 55 ветерници на 326 хектари земјиште, кои ќе произведуваат еден терават електрична енергија за 100.000 домаќинства. Новата ветерна фарма, најавена како најголема во Западен Балкан, е важен чекор кон зајакнување на енергетската безбедност на земјата и целите за обновлива енергија.