Почитувани граѓани,
Најпрво, дозволете ми во името на СДСМ и од мое лично име да ви посакам среќна нова 2024 година.
Од денеска пониска цена на електрична енергија за домаќинставата!
Граѓаните кои внимаваат и домаќински ја трошат струјата ќе плаќаат помалку.
Математички прецизно од 1 јануари за 5% поевтина цена во први блок, а вториот блок и евтината струја остануваат исти.
Само со мерката за евтината дневна тарифа на струја се граѓаните заштедуваат 1.000 денари, мерка која најмногу ќе ја користат пензионерите.
Енергетските политики и мерки што ги презеде владата предводена од СДСМ во време на Пандемија и енергетска криза даваат резултати: ниски сметки и враќање на дневната ефтина тарифа.
Визонерскиот пристап кон зголемување на енергетската независнист, јасно фокусирани кон стабилна и сигурна испорака на струја со посебно внимание кон заштита на стандардот на ранливите и пензионерите отворија можност граѓаните дирекно да имаат бенефит преку пониски сметки.
Енергетиката за граѓаните останува во фокус на СДСМ и во 2024 година.
Прес-конференција, Дарио Николовски, член на ЦО на СДСМ.