Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николовски објави видео на својот Фејсбук профил за изградбата на експресниот пат Градско-Прилеп и придобивките од него, нагласувајќи дека безбедноста е значително подобрена и времето на патување е намалено.
Николовски нагласи дека експресниот пат е одговор на ветувањето за модерно и безбедно патно решение, кое го намалува времето на патување.
„Го изградивме автопатот Градско – Дреновo – Фариш (Прилеп). Им ветивме на граѓаните на Прилеп, Битола, Ресен, Крушево, Могилево, Новаци, Кривогаштан и целиот Тиквешки регион дека ќе изградиме модерно и безбедно патно решение, а овој автопат е одговор на она што го ветивме. Го завршивме патот од Дреново до Фариш, кој е дел од патот Градско – Прилеп. Со должина од 25 километри, овој пат значително ја подобрува безбедноста и го намалува времето на патување од Скопско до Прилеп и Манастир. Продолжуваме да ја градиме Македонија 🇲🇰“, напиша вицепремиерот Николоски на Фејсбук.