Николоски: Бугарската страна мора да има храброст да ја одржи третата средба за изградба на пругата

Министерот за транспорт и врски Александар Николоски денеска одговарајќи на прашање на пратениците ја повика бугарската страна „да го поттикне одржувањето на третата средба што беше планирана за оваа недела за изградба на третата фаза од пругата кон Бугарија“.

Одговарајќи на прашањето на пратеникот на СДСМ Митко Трајчуловски дали намерно се одолговлекува изградбата на железничкиот дел од Коридорот 8 и се дава приоритет на Коридорот 10, Николоски рече дека првата рехабилитација и реконструкција на пругата од Коридорот 10 е апсолутно неопходна и дека секако големата визија е брза железница која би функционирала со 200 километри на час во патничкиот сообраќај и 120 во прометот на стоки.

„Ова, според мене, би било искористување на стратешката позиција на Македонија. Додека го правиме ова, работиме и на Коридорот 8 каде има три дела“, рече Николоски. Првиот дел од пругата Куманово-Бељаковц е долг 31 километар и предупреди дека ќе биде готов до крајот на годинава. За вториот дел, од Куманово до Крива Паланка, нагласи дека полека се развиваат активностите и го повика Обвинителството да постапи.

„Причината е што изведувачот има изградено вкупно 27,3 проценти, додека рокот е во октомври 2026. Го повикувам Обвинителството да истражи како е избрана фирмата „Ѓулермак“, дали се манипулира со должината на шините и начинот на монтажа. и со тоа тендерот е одбиен. За ова доставив извештај до ПП како и ревизорски извештаи, но досега ништо не е направено“, рече министерот за транспорт.

Во однос на третата фаза, тој најави дека бугарската страна побарала средбата закажана за оваа недела да се одложи за следната недела.

„Очекувам да имаат храброст да ја одржат третата средба што е договорена, една во Брисел, една во Софија. Неделава требаше да биде во Скопје одолговлекуваат. Нека се храбрат, нека дојдат да ја затворат оваа тема и еднаш засекогаш да го затворат ова прашање, бидејќи нашите аргументи се јасни и стојат – цената мора да се ревидира, бидејќи невозможно е 560 милиони евра да чинат изградба на пруга со електрификација треба да има заедничко проектирање на потенцијалниот тунел што треба да ги поврзе двете земји и тие да го извршат својот дел од работата, односно да се поврзат на граница“, рече Николовски.