Ќе биде завршена изградбата на Клиничката болница во Штип, ќе се гради нов Медицински факултет и студентски дом, изјави вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, зборувајќи за намената на парите од британскиот кредит.
„Кон овие проекти додаваме целосна реконструкција на Клиничката болница во Тетово, како и изградба на целосно нова болница во Кичево, заедно со целосно нов Здравствен дом. За сите проекти добиваме износ од околу 190 милиони евра, за сите заедно.“
Во врска со условите за кредитот, тој додаде дека РСМ има многу добри услови.
„Дефинитивно ќе добиеме рок на отплата од над 15 години и многу попривлечен од оној што го има Србија како услов, на пример. Србија сега го гради автопатот Белград-Сараево со каматна стапка од 3,5%. Ние ќе имаме многу помал износ“, нагласи Николоски.