Николоски: Наш најголем приоритет е изградбата на пругата во Коридорот 10

Министерот за транспорт Александар Николоски рече дека приоритет за државата е изградбата на брзата пруга во коридорот 10.

„Изградбата на брза пруга во Коридорот 10 е најголем приоритет за државата. Ќе го почнам и ќе го изградам во два мандата. Овој проект е исклучително важен од економски аспект и ќе и овозможи на земјава да го стигне светот, наместо да остане слепо црево, изјави вечерва вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

Николовски во „Само интервју“ истакна дека не е против изградбата на пругата кон Бугарија.

„Не сум против изградба на пруга кон Бугарија, но таа нема да се гради на неостварлив, многу скап начин и на некој начин со обиди за корупција против мене и премиерот, што беше јавно истакнато“, нагласи министерот во поврзување со третата етапа од пругата кон Бугарија.

Според него, брзата пруга Скопје-Солун ќе значи развој на државата во целина, бидејќи во близина на пругата може да се изградат потенцијални економски области кои ќе ја користат железницата како поевтин транспорт.