Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, кој во својот говор во Советот на Европа за злоупотребата на прислушувањето. Тој рече дека парламентот треба да ја осуди употребата на шпионски софтвер од страна на државните органи за политички цели, што е кршење на правото на почитување на приватниот живот и другите права гарантирани со Европската конвенција за човекови права.
Николоски вели дека постои можност власта незаконски да користи софтвер за пресретнување на комуникациите на опозицијата, вклучително и него, лидерот на опозицијата Христијан Мицковски и други високи политичари. Тој додаде и дека членовите на партијата ВМРО-ДПМНЕ имаат сомнежи дека се под надзор, што се прави незаконски.
„Побаравме собраниски надзор, но не добивме сигурен демант дека во Македонија нема надзор на граѓаните со таканаречен злонамерен софтвер или напреден софтвер“, рече Николоски пред присутните.
Во својот говор, Николоски тврдеше дека од 2021 година, истражните извештаи откриваат купување и употреба на шпионски софтвер Пегасус од страна на владите на различни земји-членки на Советот на Европа, вклучително и актуелната влада во неговата земја. Тој ја истакна итната потреба од целосна истрага за употребата на Пегaсус, сомневајќи се дека неговата употреба за политички цели е кршење на човековите права.