Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски изјави дека тендерот за пругата кон Бугарија пропаднал.
Во интервјуто за „360 степени“, Николоски вели дека не се откажува од идејата за изградба на пругата кон Бугарија, но тоа што досега е понудено не е остварливо. Вели дека нема намера повторно да го објавува тендерот во форма во која е сега.
„Не се откажувам од идејата за изградба на пруга со Бугарија, само велам дека тоа што сега се нуди е непрактично и не може да се реализира. Во спротивно, сакам да ја изградам пругата со Бугарија и ќе направам се истата да ја изградам“, вели Николоски.
Она што треба да се направи, според Николски, е да се седне со Бугарија и заеднички да се направи проект.
„Мораме да седнеме со Бугарија, јас би сакал да седнеме утре, но претпоставувам дека сакаат да ги завршат изборите и да формираат политичка влада, ајде заедно да направиме проект, да видиме дали оваа линија е најдобра, да видиме ако има подобра линија. Мислам дека треба заеднички да направиме проект, заеднички да најдеме финансирање и заеднички да го тендерираме. Само така има логика. Ако тоа го направиме сами, освен Бугарија, никогаш нема да заврши, ако заедно дејствуваме како соседни земји, бидејќи границите се вештачка работа, тогаш мислам дека тоа апсолутно може да се направи“, рече Николоски.