Очекувам изборна кампања во која ќе зборуваме за она што се случи, но и за иднината. Дали кампањата ќе биде фер не зависи само од нас, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски при денешниот престој во Прилеп, каде што учествуваше во отчетот што го даде претседателот на оваа партија.
Од нас зависи дали изборната кампања ќе биде фер бидејќи ние сме опозиција, но убеден сум дека ќе имаме голема поддршка од народот, рече Николоски.
За случувањата во Алијансата за Албанците, Николоски рече дека има големо неединство во власта и како што нагласи, според него, време е ДУИ да оди во опозиција.
„Власта со години се обидуваше да направи поделби во ВМРО-ДПМНЕ, не успеа. Но, наместо обединет фронт како што се предвидуваше, европски или не знам што, сега ќе го имаме, се чини, најподелениот можен фронт на власта. Време е ДУИ да оди во опозиција и се создава силен отпор кон ДУИ во политичките партии на Албанците во Македонија, рече Николоски.
На новинарско прашање дали ВМРО-ДПМНЕ разговарала за идна коалиција со албанските партии, Николоски изјави дека размислувале, но се уште не разговарале.
Во однос на листите за пратеници и изборни единици, Николоски рече дека листите ќе се знаат на крајот на март и почетокот на април, додека носителите можеби малку порано.