Пет нови авио линии ќе бидат воведени со државни субвенции. Летовите до аеродромот во Скопје од 6 април следната година ќе се реализираат од Неапол и Будимпешта, додека летовите до аеродромот во Охрид од 28 јуни од Катовице, Врслав и главниот аеродром во Милано, Молпенса, изјави вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски.
Николовски најави дека „Виз Ер“, ќе го зголеми капацитетот на патници за околу 50 проценти од следната година и ќе понуди 3.300.000 седишта за Македонија.
Субвенциите за уште пет авиокомпании ќе бидат девет евра за патниците што пристигнуваат на скопскиот аеродром и 12 евра за патниците што пристигнуваат на охридскиот аеродром.
„Летовите од Катовице и Врслав се многу важни за отворањето на Полска, која е многу заинтересирана за туризмот во Македонија, додека полските туристи се особено добредојдени во охридскиот регион“, рече Николоски на владината прес-конференција.
Тој нагласи дека за месец и пол се објавени 11 нови авио линии од аеродромите во Скопје и во Охрид. Претходно беа објавени авио линии од Стокхолм и Мадрид, кои ќе започнат од 2 ноември, од Келн, Бари и Прага од 20 декември, како и од Ларнака од 30 октомври, во текот на месец и пол, додаде, вкупно 11 авио линии.
– Имаме навистина убава оперативна платформа во земјата, шест летала до крајот на годината, рути од Скопје и Охрид и над 200 вработени во земјата, а сето тоа доаѓа до 3,3 милиони седишта што ќе бидат достапни во 2026 година што е голем скок во однос на 2012 година – рече главниот извршен директор на „Виз Ер“ Варади.
Тој најави дека ќе бидат движечка сила за да донесат повеќе летала, седишта, дестинации и поголеми можности за вработувања и, наласи, би требало да очекувате од нас да имаме нови најави за аеродроми и дестинации.
Сакаме, посочи тој, да имаме надобро летало на пазарот, а вие да имате полза од сето тоа. Седиштата ќе бидат поевтини во однос на А320, а таквите заштеди ние ќе ги реинвестираме за летањето да стане подостапно за повеќе луѓе и да уживате во нашите услуги и повеќе или почесто, наведе Варади.
-Со ова проширување на мрежата на авиолинии, двата македонски аеродроми добиваат засилена улога како клучни врати кон Европа и пошироко.